Има само 17 години, веќе има 14 настапи за Борусија, а сега покажа дека магично знае да асистира (Видео)

Ерлинг Халанд веќе има 43 погодоци во 39 меча одиграни сезонава со што само потврдува дека играчот кој треба да биде во центарот на вниманието во следните 10-тина години. Халанд има само 19 години, но се претвора во суперѕвезда во Бундеслигата.

Норвешкиот репрезентативец погоди за Борусија на гостувањето кај Лајпциг, а интересно е што сепак стрелецот остана во сенка на својот соиграч. Џовани Рејна кој има само 17 години, имаше перфектна асистенција, кога „без гледање“ додаде до слободниот Халанд, а на голгетерот не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.

Рејна е тинејџер кој сезонава веќе одигра 14 меча во Бундеслигата, но денеска за прв пат игра како стартер и веднаш ја оправда довербата со прекрасна асистенција. Со овој гол, Борусија стигна до 83 погодоци сезонава во лигата, што претставува клупски рекорд.

https://streamable.com/0r191f

- Оглас -

Најнови вести