Лајпциг важи за екипа кој сака да купува млади фудбалери, да ги промовира, а потоа да ги продаде за висока цена. Бундеслигашот летово го купи Јан Диоманде од Леганес за 20 милиони евра, трансфер што предизвика бура во Германија, со оглед дека фудбалерот имаше само 10 настапи за екипата од Шпанија.
18-годишниот фудбалер оваа сезона настапи на седум меча за Лајпциг, а има и два настапи за репрезентацијата на Брегот на слоновата коска или вкупно 19 настапи во сениорска конкуренција и нешто над 1.000 минути минати на тревникот.
Сепак, и покрај тоа, од Лајпциг порачаа дека кој ќе сака да го купи крилниот напаѓач ќе мора да плати најмалку 100 милиони евра.
Диоманде сезонава има само еден гол во дресот на Лајпциг, но тоа не е пречка за раководството на бундеслигашот да очекува големо обесштетување за фудбалерот од Брегот на слоновата коска.