Има шанса ЕП сепак да се игра оваа година, но не во јуни

Европското првенство во фудбал речиси сигурно нема да се одржи ова лето, како што беше планирано од 12 јуни до 12 јули, но не е исклучено да се игра во оваа календарска година. Според англиски медиуми, во вторник на состанокот на УЕФА на маса ќе бидат два предлози: ЕП да се одложи за следната 2021 година, или за декември 2020.

Првата опција се појави деновиве, а проблемот е што во летото 2021 треба да има проширено Светско клупско првенство, па ќе треба дозвола и од ФИФА, која ќе мора да смисли што со тоа натпреварување. Проблемот за варијантата декември 2020 е што ќе треба да се прекине клупската сезона и постои ризик од повреди, а тука е и студеното време, особено во Русија која е една од 12-те земји домаќини.

ЕП мора да се игра бидејќи ако се откаже, ќе има многу тужби од спонзорите кои имаат договор со УЕФА.

Во вторник и македонската јавност е во исчекување, треба да се донесе одлука каква ќе биде судбината на баражот од Лигата на нации. Ако ЕП се одложи за декември, против Косово ќе се игра летово или наесен.

- Оглас -

Најнови вести