Голем инцидент се случи на меч од младинската лига на Србија, а настрада играчот на Бор, Ален Дервиши. Тренерот на противничкиот тим Братислав Јовановиќ со бокс го нокаутира талентираниот играч на гостите, кој според него провоцирал.
„Му удрив шлаканица во афект затоа што тоа што ми го кажа не е за објавување. Се однесуваше срамно и провоцираше, но свесен сум дека погрешив. Не е точно дека го удрив со бокс в лице и ако дојде до судска разврска има и сведоци“, изјави Јовановиќ.
Приказната на Дервиши е сосема поинаква, а според лекарскиот наод во Бор, момчето има скршен нос и потрес на мозокот.
„Тренерот ме извади од игра и јас само продолжив да ги бодрам своите соиграчи. Одеднаш забележав дека тренерот на Трстеник трча кон мене и добив бокс в лице“, изјави Дервиши.