Има три гренслем-пехари, но не му е тежок камбекот по една година пауза со настап на Челинџер турнир

Станислас Вавринка објави дека ќе игра на Челинџер турнирот во Марбелја, Шпанија, од 28 март до 3 април.

Швајцарецот паузираше една година и не играше тенис поради сериозна повреда на стапалото, но одлучи да се врати, и тоа на турнир од понизок ранг.

Челинџер турнирите се втора класа во хиерархијата зад АТП-турнирите, но Вавринка одлучи да игра во Марбелја бидејќи камбекот ќе го почне од 232-рата позиција на АТП-листата.

Беше и прворангиран тенисер на светот, а има и колекција од три гренслем-титули, нешто што е највредно во светот на тенисот.

Во 2014 година стана шампион на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, потоа следната година го освои и Париз со шампионска круна на Ролан Гарос, а во 2016 година го крена и пехарот на Отвореното првенство на САД во Њујорк.

Популарниот Стане има 36 години и досега освои 16 титули на АТП-турнирите, последниот со триумф на свој терен во Женева пред пет години.

 

- Оглас -

Најнови вести