Имаше луда среќа на спуст – Со пируета се спаси од тежок пад (Видео)

Максенс Музатон избегна тежок пад и можна повреда на спустот во Кортина Дампецо со неверијатна пируета што ја изведе со многу среќа на Светското првенство во скијање.

При брзина од 112 километри на час, Музатон загуби контрола на скииите, но фортуната беше на неговата страна и падот што беше речиси неизбежен се претвори во неверојатно атрактивна пируета. Дури и успеа да скија свртен со грбот, а потоа и ја мина целта и што е најважно избегна тежок пад и повреда.

https://twitter.com/Eurosport_UK/status/1360901227047976960?s=20

Светски првак во спуст стана Австриецот Винсент Крихмаер во возбудлива трка што ја доби за само една стотинка пред Германецот Сандер. Бронзата ја освои Швајцарецот Фајц со зостанување од 18 стотинки зад Крихмаер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести