Имаше закажана промоција во Ал-Наср, но кога слушна колкава плата доби Брозовиќ, не се појави и постави ултиматум

Мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеш ги договори сите детали од трансферот во Ал-Наср, но иако сè беше подготвено за негова промоција во саудискиот тим, побара поголема плата.

Англиските медиуми пишуваат дека Зијеш на овој потег се одлучил откако дозна дека Марцело Брозовиќ успеа да издејствува поголема плата. Хрватот првата понуда од Ал-Наср ја одби и потоа одбиваше да се сретне со претставниците на клубот, се додека не го добие тоа што го сака. На крајот, Хрватот доби договор од 100 милиони евра за три години, 10 милиони бонус за потпис и плата од 30 милиони евра.

Сега и Зијеш се обидува на истиот начин да издејствува подобри услови од тие што ги договори, 13 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести