Името им асоцира на среќа, а тие се најбаксузниот тим во Германија

Фортуна Диселдорф повторно испадна најбаксузниот тим во Бундеслигата и пак испадна со пораз во последно коло, исто како што им се случи во 2013 година.

Попладнево избраниците на Уве Реслер загубија со 3:0 на гостински терен од Унион Берлин и му дозволија на Вердер да ги прескокне за една позиција и да ги испрати во Втората лига.

На крај испаднаа за еден бод покуси во трката со тимот од Бремен во трката за 16. позиција што носи бараж за опстанок со третопласираниот состав од популарната Цвајта.

Истото сценарио на несреќните момци од Диселдорф им се случи и во 2013 година. Во последното коло исто така загубија со 3:0 на гостување, тогаш кај Хановер, а Хофенхајм приреди чудно изненадување на гости кај вицешампионот Борусија во Дортмунд и со пресврт победи со 2:1.

И во 2013 година Фортуна остана покуса за бод во трката за бараж со Хофенхајм, а потоа бундеслигашот успеа да опстане во најсилната германска лига со две победи против второлигашот Кајзерслаутерн.

Во баражот за последното место во Бундеслигата за следната сезона Вердер ќе игра со Хајденхајм, или со Хамбургер.

Утре се игра последното коло во Цвајта, а сигурни патници во повисок ранг се Арминија и Штутгарт, додека Хајденхајм со 55 бода и Хамбургер со еден бод помалку ќе бијат битка за третата позиција за двомеч против Вердер што ќе гарантира промоција во Бундеслигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести