На натпреварот помеѓу Сасуоло и Јувентус кој се играше во неделата, на терен влета еден фан, кој е обожавател на Кристијано Роналдо, но тоа влегување на терен скапо ќе го чини.
Навивачот во првото полувреме успеа да го надитри обезбедувањето, дотрча до Португалецот и пред него ја направи познатата прослава на головите на Роналдо со извикот кој го користи неколку години. Потоа навивачот го прегрна својот идол, а обезбедувањето го отстрани авантуристот од терен.
Навивачот кој без маица на себе, гол од половината нагоре, влезе на терен на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија, бил казнет од судот во Италија со забрана за влез на спортски настани. Само не е познато дали забраната е привремена со одреден рок, или доживотна.