Лацио и Монца одиграа 1-1 на „Олимпико“ во Рим, во меч кој мина во знакот на славеникот Чиро Имобиле, кој за негова жал јубилеите не ги прослави со победа и со ново разочарување, Лацио има само 4 года во петте кола сезонава.
Имобиле го одигра својот 300-ти меч во дресот на Лацио, а тој беше и стрелец на голот за лацијалите. Имобиле погоди од пенал и тоа беше негов 250-ти погодок во Топ 5 лигите во Европа.
Во последните десет сезони, 250 или повеќе голови во петте најсилни лиги покрај Имобиле имаат дадено само уште Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Роберт Левандовски, Луис Суарез, Карим Бензема, Хари Кејн и Мохамед Салах.