Лацио ја растури Сампдорија со 5-1 и со 11-тата победа едноподруго во Серија А, дојде на само еден бод од второпласираниот Интер, а за три зад лидерот Јувентус.
Најзаслужен за овие резултати на лацијалите е Чиро Имобиле. Тој првпат сезонава направи хет-трик, на седум меча сезонава дава повеќе од еден гол. Имобиле сезонава има дадено 23 гола, иако се поминати само 19 кола. За споредба, во 2014/2015, први стрелеци беа Лука Тони и Мауро Икарди со по 22 погодоци, а сега Имобиле има повеќе од нив по само 19 меча.
Рекордот е на Гонзало Игуаин со 36 гола. Од 23-те гола на Имобиле, девет му се од пенал. Тој и денеска двапати погоди од белата точка.
Сампдорија 15 години не победила на „Олимпико“.