Чиро Имобиле, ѕвездата на Лацио и прв стрелец во италијанската Серија А сезонава, планира да го продолжи договорот со неговиот сегашен клуб до јуни 2025 година. Ако потпише нов договор со Лацио, Имобиле веројатно до крајот на кариерата ќе го носи небесно-синиот дрес на римските Орли, а тоа значи дека ќе ја одбие финансиски примамливата понуда од Њукасл.
Според италијанските медиуми, Чавките од Премиер лигата испратиле одлична понуда до него, но Имобиле сака да остане со Лацио, да зема по 4 милиони евра годишно,и од следната сезона да биде капитен. Напаѓачот кој има 27 гола на 26 меча е најзаслужен што Лацио е втор и во трка со Јувентус за Скудетото.
Имобиле сака да игра во Лигата на шампионите за Лацио и нешто што уште повеќе го тера да остане е тоа дека ќе биде новиот капитен на тимот по заминувањето на Сенад Лулиќ.