Имобиле ја прекина низата од 11 години Златната копачка да ја освојува играч од шпанската лига

Голгетерот на Лацио, Чиро Имобиле, би требало да биде Златна копачка на Европа. Сезонава има дадено 35 гола, што се 70 бода, и може да биде само некакво чудо во кое Кристијано Роналдо во последното коло би дал четири гола повеќе од него. Имобиле ако постигне два гола во последното коло од Серија А, ќе постави и рекорд во историјата на лигата. Засега рекордот од 36 гола во една сезона во Италија го држи Гонзало Игуаин од времето кога настапуваше за Наполи.

Имобиле (или можеби Роналдо) ја запре низата од 11 години по ред во кои Златната копачка ја добиваше првиот стрелец во шпанското првенство. Диего Форлан, Кристијано Роналдо и Лионел Меси ја освојуваа наградата, им се вмеша само Луис Суарес во 2014, кога играше за Ливерпул, и го подели првото место со Роналдо, кој тогаш беше во Реал Мадрид.

Последна Златна копачка од Серија А беше Франческо Тоти во 2007 година. Од Премиер лигата последна Златна копачка беше Суарес, кој ја делеше во 2014, а сам Кристијано Роналдо во 2008. Од Бундеслигата или француската Лига 1 скоро 50 години немало победник. Роберт Левандовски беше блиску да го повтори успехот на Герд Милер од 1972 година, но не успеа. Последна Златна копачка од француското првенство е Хрватот Јосип Скоблар од 1971 година.

- Оглас -

Најнови вести