Имобиле решета по навика, гол број 19 на 17 меча во Серија А (видео)

Лацио во судиското надополнување славеше со 2-1 на гостувањето кај Бреша во првиот меч од Серија А во 2020 година. За трите бода на Лацијалите се погрижи Чиро Имобиле, италијанскиот голгетер неприкосновено ги тресе мрежите.

Балотели заби по 18 минути игра, а тој е фудбалерот со првиот гол во Италија во новата декада. Израмнувањето се случи пред паузата, Лацио доби пенал кој го реализира Имобиле, а потоа во втората минута од судиското надополнување го запиша вториот гол на мечот, односно вкупно 19-ти на 17 настапи во шампионатот за оваа сезона и ја предводи листата стрелци.

Лацио со деветтата победа во низа останува на третото место со 39 бода, додека Бреша испушти шанса да избега од зоната за испаѓање.

https://www.dailymotion.com/video/x7q35zf

- Оглас -

Најнови вести