Лацио загуби од Аталанта со 0-2, но можеше да биде поинаку ако во една ситуација Чиро Имобиле не беше толку себичен при резултат 0-0.
Сергеј Милинковиќ Савиќ со финта се ослободи од чуварот и се најде во одлична позиција да даде гол, а тогаш се појави Имобиле кој истотака беше во зицер ситуација, но шутна многу непрецизно и ја упропасти шансата.
Имобиле нема дадено гол од 4-ти јануари наваму, веројатно гори од желба да го прекине постот, па затоа реши тој да завршува, а не му ја остави топката на Србинот кој беше во налет.
https://twitter.com/i/status/1624502742046633984