Лацио го совлада Удинезе со 1-0 во дуел од осминафиналето на Купот на Италија. Стрелец на победничкиот гол беше Чиро Имобиле, кој погоди во 106-та минута. По регуларните 90 минути немаше гол, а само што почна второто продолжение, Имобиле мајсторски го лобуваше голманот на Удинезе.
Дури откако Лацио поведе, тренерот на Удинезе го внесе Илија Несторовски во игра, но македонскиот напаѓач за 11 минути не можеше да смени ништо. И Имобиле беше резерва, на терен влезе во 71-ва минута.
Ова е голот кој го однесе Лацио во четвртфиналето против Милан:
Ciro Immobile 106'#LazioUdinesepic.twitter.com/BdboHuU8Sv
— Ritual Fútbol (@ritual_futbol) January 18, 2022