Имобиле урива рекорди како од шега – Лацио ја заокружи одличната ноќ за римските тимови (ФОТО)

Чиро Имобиле го постигна 143-от гол за Лацио во Серија А со што ја надмина клупската легенда, Силвио Пиола.

Голгетерот погоди во 19-та минута од пенал во победата над Каљари од 3:0, со што ја потврди одличната форма, но и ноќ за екипите од Рим.

Лацијалите покрај голот на Имобиле, погодија и преку Луис Алберто во 42-та минута а сите дилеми околу победникот ги решија со голот на Фелипе Андерсон (62′). Како што напишавме погоре, ова беше одлична ноќ за двете екипи од Рим кои дојдоа до важни бодови во борбата за излез во Европа.

Лацио сега има 46 со што е на седмото место  и е на минус еден од Аталанта и Рома.

- Оглас -

Најнови вести