Лацио не дозволи изненадување и без многу проблеми со 3:0 победи на гостувањето кај Специја во меч од 30. коло во Серија А. Со оваа победа лацио дојде до 61 бодови, односно 13 помалку од лидерот Наполи кој утре на свој терен игра против Верона.
Победата на Лацио ја најави Чиро Имобиле со голот од пенал во 36 минута. Со овој гол, Имобиле стана само третиот фудбалер во историјата на Серија А, во ерата откако се даваат три бода за победа, што успеал да постигне барем 10 погодоци во седум сезони по ред во дрес на еден тим. Претходно тоа им успеало само уште на Франческо Тоти и Антонио ди Натале.
7 – Ciro Immobile is only the third Serie A player in three points for a win era to score at least 10 top-flight goals in at least seven consecutive seasons with the same team, after Francesco Totti (9) and Antonio Di Natale (9). Custom.#SpeziaLazio pic.twitter.com/2jihGOw1xz
— OptaPaolo (@OptaPaolo) April 14, 2023
Кремонезе со 1:0 го победи Емполи и тоа е втора победа во низа за тимот кој е во зоната за испаѓање, па ќе биде интересно до крајот, дали ќе успее да се спаси од пад во Серија Б.