Иниеста се обиде да ја „изигра“ Јапонија, но секако дека не успеа па ќе плати 3,5 милиони евра данок

Јапонсите власти пресметаа дека фудбалската легенда Андрес Иниеста затаил данок во износ од 3,5 милиони евра за време на петогдишното живеење и работење во оваа земја. Некогашниот шпански репрезентативец и еден од најдобри играчи од средниот ред, по заминувањето од Барселона се пресели во Висел Кобе, каде играше од 2018 до 2023 година.

Даночната управа на Јапонија утврди дека Иниеста не пријавил приходи во износ од 5,2 милиони евра, за кои треба да плати данок од 3,5 милиони евра. Даночните власти побарале од Иниеста да ги плати парите, во спротивно ќе заврши на суд.

Иниеста во дресот на Висел Кобе освои три трофеи, од кои едниот беше шампион во Јапонија. За овој јапонски тим одигра вкупно 134 меча и постигна 26 голови, а имаше и 25 асистенции. Шпанскиот ветеран уште игра и е дел од екипата на Емиратс која се наоѓа во зоната за испаѓање во првенството на Обединетите Арапски Емирати.

- Оглас -

Најнови вести