2611 Калмар – Елфсборг (17.30 часот)
Калмар во последните пет кола има три победи и две ремија, а Елфсборг се бори за титула и има четири победи и едно реми во последните пет колс. Елфсборг има само еден пораз сезонава и имаат примено само 10 гола што е трипати помалку од бројот на постигнати погодоци. Во минатата сезона Калмар двапати го победи Елфсборг, тоа беа победи без примен гол, па тоа треба да биде знак дека на гостите нема да им биде лесно.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.85)
6846 Португалија У19 – Малта У19 (18.00 часот)
Ова е нерамноправен дуел на два тима со различен квалитет. Младите Португалци со 5-1 ја разбија Италија во минатото коло, а претходно Италијанците со 4-0 беа подобри од Малта. Малта која е домаќин на ова ЕП, уште нема дадено гол после две кола. Од расположението на Португалците и од тоа дали ќе играат со резерви или со стартерите, зависи со колку гола разлика ќе победат.
Предлог тип: 5+ (2.05)
2846 Молде – Бран (19.15 часот)
Ова е дуел на два слични тимови, на кои заедничко им е и тоа што имаат по една победа, реми и пораз во последните три кола. Бран има четири бода повеќе од Молде, а ова се тимови кои прилично ретко играат нерешено. Бран во просек дава по два гола на меч, исто и Молде, но Бран е тим кој има долга серија мечеви со даден и примен гол. Ова им е прв меѓусебен дуел после пауза од речиси две години.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.62)
4209 Институто – Тигре (20.30 часот)
Институто и Тигре се тимови кои се во долната половина на табелата во аргентинската лига, а Институто има еден бод повеќе, затоа што Тигре е во голем пад и има четири порази во последните пет кола. Ова се екипи кои се неефикасни, во просек даваат помалку од еден гол по меч. Интересно е дека во меѓусебните дуели кои ги имале во минатото (последен пат се сретнаа во 2020 година), Тигре никогаш не победил. Тигре е гостин каков што може да се посака, има пет гостински порази по ред.
Предлог тип: 1 (2.30)
4812 Флуминенсе – Интернасионал (21.00 часот)
Флу и Интер имаат ист број бодови, ист број на победи и порази, и ист број на примени голови. Интернасионал пет кола по ред не знае за пораз, а Флуминенсе загуби во минатото коло. Статистиката вели дека на овој меч на „Маракана“ во Рио, тешко оти може да паднат повеќе од три гола, а интересно е дека во нивните меѓусебни дуели, најчесто има победник, последен пат било нерешено уште во 2016 година.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.87)