Фудбалерите на Интер и на трет натпревар по ред не успеаја да дојдат до победа на меч од Серија А, откако одиграа само 1-1 на гостувањето кај Фиорентина. Овој резултат на екипата од Милано влева барем малку надеж за Милан и Наполи во битката за Скудетото.
Интересно, Интер дојде во водство уште во 39-тата секунда преку Еспозито, но Чер Ндур во 77-мата минута се погрижи лидерот да загуби два бода во Фиренца.
Интер останува лидер со 69 бода, шест повеќе од градскиот ривал Милан и +7 во однос на Наполи. Фиорентина е на 16-тото мсто и грчевито се бори за опстанок во Серија А.

