Екипата на Интер успеа да го совлада Јувентус на вториот полуфинален натпревар со 1-0 и да обезбеди пласман во финалето на Купот на Италија. Човекот на одлука на овој интересен и докрај неизвесен натпревар беше Федерико Димарко, кој го постигна единствениот погодок на мечот уште во 15-тата минута.
Интер на првиот натпревар беше пред пораз, но тогаш Лукаку со гол од пенал во 95-тата минута израмни на 1-1 и оваа минимална победа беше доволна да се елиминира Старата дама во полуфиналето.
Интер својот противник во финалето ќе го дознае утре, откако ќе се одигра реваншот помеѓу Кремонезе и Феорентина, но сосема е извесно дека тоа ќе биде составот од Фиренца бидејќи имаат предност од 2-0 од првиот натпревар, кој го одиграа на гостински терен.