39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Интер го договори првото засилување на следната сезона

Интер сезонава го загуби чекорот во трката за титулата со Јувентус, но уште има шанси да се бори за трофејот. Нормално, се чека продолжување на Серија А. Додека трае неизвесноста за ова првенство, Нераѕурите полека започнаа да се подготвуваат и за следната сезона.

Според најавите во „Газета дело спорт“, веќе е договорено и првото засилување за тимот од „Џузепе Меаца“. Од следната сезона во дресот на Интер треба да биде Оливие Жиру. Францускиот напаѓач одигра солидно во Челзи, па иако се веруваше дека може да остане на „Стемфорд бриџ“, сепак, на крајот очигледно е дека ќе се пресели во Италија.

Жиру би требало да биде тандем со Лукаку во нападот, а се споменува дека кон „Џузепе Меаца“ може патот да го одведе и Дрис Мертенс, ѕвездата на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести