Интер го доведе вториот најскап играч во клупската историја, се чека рушење на рекордот

Николо Барела од Калјари доаѓа во Интер, објавија италијанските медиуми. Клубот од „Џузепе Меаца“ ќе плати 40 милиони евра, плус дополнителните бонуси за да го доведе младиот играч за врска. Барела на овој начин станува вториот најскап фудбалер во историјата на клубот. Рекордот го држи Кристијан Виери од 1999 година, кога за 49 милиони евра пристигна во Милано, што претставуваше и светски рекорд за еден трансфер.

Барела има 22 години, а досега одигра повеќе од 100 меча за Калјари. Благодарение на одличните игри од минатата сезона, доби и повик во националниот состав на Италија. Сега се договори со Интер, каде што треба да остане во следните пет години, а годишната плата треба да му биде 12,5 милиони евра. Лекарските прегледи во новиот клуб треба да ги заврши до петок.

Интер се надева дека во овој преоден рок ќе успее да доведе квалитетни играчи, кои ќе бидат доволни за да му парираат на Јувентус во трката за титулата во Серија А, па можно е Нераѕурите да го срушат и клупскиот рекорд доколку се оствари трансферот на Ромелку Лукаку од Манчестер јунајтед. Се најавува дека доведувањето на белгискиот репрезентативец би било околу 70 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести