Интер го „краде“ голманот на Ајакс

Андре Онана налето ќе го напушти Ајакс и како слободен агент ќе замине во редовите на Интер. Првиот голман на холандскиот шампион, кој во моментов одлежува суспензија, ќе дојде во најдобриот тим од Серија А, и тоа без пари.

Како што е познато, актуелниот чувар на мрежата на Нераѕурите, Самир Хандановиќ, има 38 години, па затоа раководството на тимот активно ја бара неговата замена и се чини дека ја пронајде.

Онана е под суспензија до ноември откако пред една година УЕФА пронајде недозволени супстанци во неговата урина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести