Интер го награди Киву со нов двојно побогат договор

Интер постигна договор со тренерот Кристијан Киву за продолжување на неговиот договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на договорот за дополнителна сезона, до летото 2029 година, објавуваат италијанските медиуми.

Според новинарот Никола Скира, романскиот стручњак со новиот договор ќе заработува околу 4.000.000 евра по сезона, односно двојно повеќе од тоа што доби во првата сезона како предводник на Нераѕурите.

Киву го презеде Интер во летото 2025 година, доаѓајќи по работата во Парма и неколкугодишното искуство во младинскиот систем на миланскиот клуб, каде што водеше неколку јуниорски тимови, вклучувајќи го и тимот Примавера.

Во својата прва сезона во Интер, Киву ги освои италијанското првенство и националниот куп, што беше доволно за да добие уште поголема доверба кај раководството на клубот и нов подобар договор. Главна цел на Интер ќе биде да го задржи дефанзивецот Алесандро Бастони, кој е цел на Барселона, како и можните засилувања што треба да го зајакнат тимот пред почетокот на следната сезона.

Киву и како фудбалер беше дел од тимот на Интер, и тоа во историската сезона кога ја освои тројната круна (Лигaта на шампионите, Серија А и Купот на Италија) во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести