Филип Кузмановски ќе заигра за Кувајт

Репрезентативецот на Македонија и ракометар на Пелистер, Филип Кузмановски, ќе има нов интернационален предизвик откако е договорено неговото учество за Кувајт сити на 28-мото издание на азиската Лига на шампиони, кое ќе се одржи од 6 до 15 јуни во спортскиот комплекс „Шеик Саад Ал-Абдула“.

Кузмановски ќе биде четвртиот странски играч во редовите на кувајтскиот тим, кој претходно се засили со Франкис Марзо од Катар, Владан Липовина од Црна Гора и Виктор Итуриза од Португалија.

Ждрепката не беше наклонета кон домаќинот Кувајт сити клуб, кој се најде во групата Б заедно со Ал-Најма (Бахреин), Ал-Калејџ (Саудиска Арабија) и Ал-Араби (Катар) — група која важи за една од најсилните на турнирот.

На истиот турнир ќе настапи и Дмитро Хориха, кој по завршувањето на настапот за Ал-Калеј ќе се пресели во ПИК Сегед.

- Оглас -

Најнови вести