Вардар го договори трансферот на најдобриот играч на Силекс

Актуелниот шампион Вардар го подготвува тимот за европските квалификации, а едно од првите засилувања во летниот преоден рок треба да биде Мигел Пиреш од Силекс.

Фудбалерот за врска се договорил за трансфер меѓу Црвено-црните, а по завршувањето на сезоната треба и официјално да биде претставен како нов играч на Вардар.

Раководството на Вардар имаше силна конкуренција за потписот на Пиреш, со оглед на тоа дека тој беше желба и на Шкендија, но успеа да го договори неговото доаѓање.

Португалецот зад себе има одлична сезона во македонскиот шампионат, во која постигна 11 гола и беше еден од најдобрите поединци во составот на Силекс.

- Оглас -

Најнови вести