Интер го отпиша предавникот Лукаку, Јуве се откажа, но Белгиецот сепак ќе заврши во Серија А

Ромелу Лукаку по завршување на минатата сезона сакаше да остане во Интер, но потоа се премисли и започна преговори со Јувентус, што но Милано го сметаат тој потег за предавство, а на крајот може да заврши во друг италијански тим.

Според италијанските медиуми, на шест дена до крајот на преодниот рок, Лукаку се надева дека во следната сезона ќе го носи дресот на Рома.

Тренерот на Римската волчица, Жозе Мурињо, даде зелено светло за ангажман на Лукаку, и управата на Рома вечерва по мечот на Челси против Лутон, ќе седна на преговарачка маса со Сините.

Премиерлигашот попушти, и наместо продажба на Белгиецот, сега се согласува да го пушти на нова едногодишна позајмица и токму Рома е во пол позиција за Лукаку.

- Оглас -

Најнови вести