Интер и Барселона склучија договор!

Интер треба да ја победи Барселона вечерва за да биде сигурен италијанскиот тим како една од 16-те најдобри екипи во Лигата на шампионите. Нераѕурите со три бода ќе бидат сигурно втори, додека на Барселона денешниот дуел не ѝ значи многу затоа што Каталонците се сигурно први.

Според пишувањата на „Газета дело спорт“, синоќа во Милано имало состанок на претставници на двата клуба, и тоа за трансфер кој треба да се случи во јануари. Се работи за заминување на Иван Ракитиќ во Интер. Уште летоска постоеја шпекулации дека Хрватот ќе се пресели во Милано, но тогаш не беше постигнат договор.

Според најавите, сега е јасно дека Ракитиќ во зимскиот преоден рок ќе стане играч на Интер, и тоа како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а потоа ќе се активира и трансферот кој треба да вреди околу 30 милиони евра. Ракитиќ има договор со Барселона до 2021 година, а навивачите негодуваат околу неговото евентуално заминување од „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести