Интер ја исмева УЕФА и ја праша Бенфика: Сакате ли да ви го продадеме водичот за Амстердам? (Фото)

Незапамтениот срам кој го доживеа денеска УЕФА со повторувањето на ждрепката поради некаква утка во софтверот налути многумина, а некои се шегуваа на оваа тема.

Италијанскиот првак Интер, кој прво го доби Ајакс за противник, а потоа во повторената и конечна ждрепка се падна со Ливерпул, на својот твитер-профил упати сеирџиски коментар. Повторената ждрепка одлучи Ајакс да игра против Бенфика.

„Го продаваме туристичкиот водич за Амстердам. Бенфика, не губете време“, порачаа од Интер.

- Оглас -

Најнови вести