Интер конечно ја прекина серијата од пет меча без победа во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Интер конечно ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа во Серија А, откако со 0:3 славеа на гостувањето кај Емполи.

Со победата, Нераѕурите се искачија на петтото место на табелата со 54 бода, два помалку од Рома која има и натпревар помалку, и се вратија во игра за освојување во првите четири места кои водат во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/i/status/1650110136684367880

Победата ја најави Ромелу Лукаку со головите во 48-та и во 76-та минута, додека точка на натпреварот стави Лаутаро Мартинез на две минути пред крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести