Интер кризира, Рома му помогна на Наполи во трката за титулата (Видео)

Рома го победи Интер со 1-0 во дербито на Серија А, а овој меч потврди дека Волчицата е најопасен италијански тим во моментов, додека на Нераѕурите како приоритет да им е Лигата на шампионите.

За Интер кој в среда игра со Барселона во полуфиналето на ЛШ, ова е втор пораз по ред и тоа е шанса Наполи вечерва да биде осамен на чело на табелата со еден или три бода повеќе од Интер кој е актуелен италијански првак. За првпат после 13 години, на Интер му се случи на три меча по ред во сите натпреварувања да не постигне гол.

Рома нема пораз во Серија А уште од 15-ти декември и во моментов е петта на табелата.

Роналдо Мандрагора со гол со ножички придонесе за победа на Фиорентина над Емполи од 2-1. Емполи остана претпоследен, додека Виолетовите се во трка за места кои водат во еврокуповите.

Ова е атрактивниот гол на Мандрагора:

- Оглас -

Најнови вести