Интер не жали пари за Скудетото – Конте е најплатен тренер во историјата на Серија А

Антонио Конте е убедливо најплатениот тренер во Серија А со годишна плата од 11 милиони евра, што е и рекордна во историјата на Калчото.

Интер не жали пари за да ја сопре осумгодишната доминација на Јувентус, па и ангажманот на поранешниот тренер на Старата дама и рекордните 11 милиони евра годишна плата се во насока конечно да се освои Скудетото.

Зад Конте со 5,5 милиони евра годишно е Маурицио Сари, кој летово пристигна на клупата на 35-кратниот италијански првак Јувентус.

Трет е Карло Анчелоти со годишни примања од 5 милиони евра, па и платите на тренерите некако потврдуваат дека во триаголникот Јувентус-Интер-Наполи треба да се бара шампионот на Италија.

Во топ-5 со плата од 3 милиони евра се Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, и Паоло Фонсека, кој летово ја презеде Рома.

Најслабоплатен тренер во Серија А е Игор Тудор од Удинезе со годишна плата од 500 илјади евра.

- Оглас -

Најнови вести