Интер нема да ја освои титулата, ама Конте е среќен и задоволен

Интер ремизираше 2:2 на гостувањето кај Рома и сега е на пет бода зад Јувентус, кој вечерва ќе игра на свој терен во дербито против Лацио. И покрај разочарувањето дека не ги освои трите бода на гостувањето на „Олимпико“, тренерот на Интер е задоволен затоа што на четири кола до крајот, Интер има обезбедено сигурно место во Лигата на шампионите.

„Од моја гледна точка, тимот направи многу добри работи. На четири кола до крајот сме сигурни учесници во ЛШ затоа што имаме 14 бода пред петтопласираниот клуб на табелата. Да не заборавиме дека Интер сезоната ја започне со иста цел како Рома и Наполи. Серија А стана многу неизвесна лига, каде што повеќе клубови покажуваат дека може да имаат одлична сезона“, вели Конте.

Освен Интер, место во ЛШ за следната сезона сигурно си обезбеди и Аталанта, а Лацио треба да е последниот патник во елитната лига на УЕФА за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести