Интер немаше утнато пенал 439 дена, а тогаш се појавија Брозовиќ и Трап (Видео)

Хрватите Иван Перишиќ и Марцело Брозовиќ имаа спор кој да го шутне пеналот на гостувањето кај Ајнтрахт, изборот падна на Брозовиќ, но неговиот удар беше одбранет од Кевин Трап.

Средбата од осминафиналето во Лигата на Европа заврши со 0-0, а овој пенал е прва утка за Интер во шут од белата точка по 439 дена (тука не се сметаат нереализираните обиди во пенал-серијата против Лацио во Купот на Италија). Претходниот пенал во регуларни 90 минути кој не го искористија миланските „сино-црни“ беше во декември 2017 година против Сасуоло.

„Верувам дека Брозовиќ знае да шутира пенали, исто како и Иван Перишиќ и Матео Политано. Сите се добри пеналџии, но секому му се случува да погреши. Марцело најмногу сакаше да даде гол, не гледам никаков проблем“, рече тренерот Лучијано Спалети.

Погледнете зошто само овој осминафинален меч заврши 0-0:

- Оглас -

Најнови вести