Фудбалерите на Интер успеаја да останат непоразени на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија против Јувентус на гостински терен откако мечот заврши 1-1 со два погодока во самиот финиш. Екипата која ќе игра во големото финале ќе биде позната за 20-тина дена, односно на 26 април, за кога е закажан реваншот во Милано.
Резултатот го отвори колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо во самиот финиш од мечот, односно во 83-тата минута. Кога сите мислеа дека Јувентус ќе забележи победа, така не мислеше Лукаку, кој од пенал во петтата минута од судиското надополнување на времето донесе израмнување на 1-1, воедно поставувајќи го конечниот резултат на овој натпревар.
Голот на Квадрадо може да го погледнете ТУКА.