Интер пак „ја растури“ Џенова

Интер со убедливи 4-0 се враќа од гостувањето кај Џенова во мечот кој се одигра во рамките од 30-тото коло во Серија А. „Нераѕурите“ повторно ѝ зададоа нокаут на Џенова, откако претходно сезонава славеа со огромни 5-0 на домашен терен.

Голеадата ја започна Гаљардини во 15-тата минута, а гол од белата точка постигна Мауро Икарди, кој се врати во составот на Спалети и го прекина „штрајкот“. Икарди во 54-тата минута му асистираше на Перишиќ за 3-0, а фудбалерот кој го отвори резултатот ги постави конечните 4-0, Гаљардини повторно беше прецизен во 81-вата минута.

Капитенот на Македонија, Горан Пандев, остана на клупата и не доби шанса да настапи против својот поранешен тим со кој ја освои Лигата на шампионите.

Интер го прероди разочарувањето од Лацио во минатото коло, па сега со 17-тата победа сезонава стигнаа до 56 бода. Џенова стои на 12-тото место со 33 бода.

Резултати Серија А, 30-то коло: Џенова – Интер 0-4, Рома – Фиорентина 2-2, СПАЛ – Лацио 1-0, Торино – Сампдорија 2-1, Фрозиноне – Парма 3-2.

- Оглас -

Најнови вести