Икарди не погоди невозможно, но потоа ги израдува навивачите на Интер (Видео)

Мауро Икарди повторно е на теренот во дресот на Интер и веднаш е во центарот на вниманието. На гостувањето кај Џенова, „нераѕурите“ водат со 2-0 на полувремето, а Икарди е стрелец на еден погодок.

Гаљардини го доведе Интер во водство со погодок во 15-тата минута, а само четири минути подоцна Икарди утна шанса која многу полесно беше да се погоди. Само од неколку метри ја погоди стативата и ги налути навивачите на Интер.

https://twitter.com/InterYaSkrinYa/status/1113523471680770048

Сепак, до крајот на првиот дел Аргентинецот се коригираше. Во 40-тата минута беше досуден пенал за гостите, а тогаш се знае, шутира Икарди. Голгетерот беше прецизен и зголеми на 2-0 за фаворитот. За Икарди ова беше 10-ти погодок сезонава во Серија А.

Во стартниот тимот на Џенова го нема капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Домаќините се без Ромеро, кој доби црвен картон во 39-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести