36.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Интер победи во Рим и Рома сега само може да сонува место во ЛШ (Видео)

Интер освои три многу важни бода во трката за место кое води во Лигата на шампиони за следна сезона, откако со 2:0 победи на „Олимпико“ во Рим против Рома. Со оваа победа, Нераѕурите сега имаат 63 бодови и се на посакуваната четврта позиција, додека Рома остана на 58 бодови и сега падна на седмото место на табелата.

Феде ди Марко го најави триумфот на Интер, откако погоди за 1:0 во 33 минута, што беше резултат на полувреме. Сите дилеми околу победникот беа решени во 74 минтуа кога погоди Ромелу Лукаку.

 

- Оглас -

Најнови вести