Интер покажа шампионски карактер, брзо се прибра од шокот на Емполи и пак е лидер во Калчото

Интер покажа шампионски карактер и со четири гола по ред направи пресврт за победа против Емполи од 4:2 што го врати на врвот во Серија А, со еден бод повеќе од Милан, но и со меч повеќе.

Емполи приреди шок на „Џузепе Меаца“ со головите на Пинамонти во петтата минута и на Аслани во 28. минута.

Во тие моменти изгледаше дека шампионот Интер се присти од обраната на титулата, но следеше блиц-криг за 2:2 до првото полувреме.

Ромањоли си даде автогол во 40. минута, а Мартинес изрмани на 2:2 во 45. минута. Токму Аргентинецот со гол во 64. минута направи комплетен пресврт за победа на фаворитот од 3:2.

Алексис Санчес во последните моменти од мечот беше прецизен за победа на Интер од 4:2.

Интер има 78 бода, еден повеќе од Милан, но со меч повеќе и остана во игра за јубилејната 20-та титула во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести