Барела ќе се искршеше и не доби пенал (Видео)

Интер успеа да се врати во игра и со два гола во финишот на првото полувреме израмни на 2:2, по шокантата предноста на гостите од 0:2 на „Џузепе Меаца“.

Пред автоголот на Ромањоли во 40. минута и на Лаутаро Мартинес за 2:2 во 45. минута, домаќините бараа пенал по фаулот над Николо Барела.

Во 31 минута играчот за врска на Интер беше турнат во гостинскиот шеснаесетник и падна преку себе, па можеше да се повреди.

Судијата Манганиело не покажа на белата точка, а немаше реакции ниту од ВАР собата. Моментот од 31. минута и атрактивниот пад на Барела можете да го погледнете ОВДЕ.

Емполи му приреди шок на фаворитот со двата гола на Пинамонти и на Аслани во петтата и 28. минута, но Интер кој се бори за Скудетото во Италија израмни до полувремето.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести