18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Интер постави нов рекорд во Италија по заработка од билети за мечот со Барселона

Вечерва ќе биде вистински фудбалски празник во Милано. На „Џузепе Меаца“ Интер ја пречекува Барселона, во дербито на денот од четвртото коло во Лигата на шампионите. Неверојатен беше интересот за овој меч. Во рекордно време беа продадени сите 80.000 билети, иако се работеше за прилично скапи влезници.

Интер се пофали дека е поставен нов рекорд во Италија кога се работи за сумата заработена од продадените билети. Вкупно 5,8 милиони евра се инкасирани од парите кои навивачите ги дадоа за влезници.

 

- Оглас -

Најнови вести