Интер преку Ривер до осминафинале против Флуминензе на СКП, продолжува и Серхио Рамос (Видео)

Фудбалерите на Интер со победа од 2-0 над Ривер Плата дојдоа до првото место во групата „Е“ и продолжуваат во осминафиналето на Светското клупско првенство. Екипата од Милано долго се мачеше да го скрши отпорот на квалитетниот противник, но тоа го направи дури откако Ривер Плата остана со играч помалку на теренот.

Мартинес беше исклучен во 65-тата минута, а само седум минути подоцна Интер поведе со 1-0 со голот на Франческо Еспосито. Конечните 2-0 ги постави Алесандро Бастони во 93-тата минута.

Противник на Интер во осминафиналето ќе му биде бразилски Флуминензе.

На вториот меч од групата „Е“, Монтереј со убедливи 4-0 славеше над Урава Редс, па осминафиналето ќе игра и славниот Серхио Рамос, кој е капитен на екипата од Мексико.

Противник на Мексиканците во следната фаза ќе им биде Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести