Интер – Сасуоло ќе „играат“ денеска од 12 часот, гледајте во живо

Според распоредот на Серија А, за денеска точно на пладне беше закажан мечот меѓу Интер и Сасуоло. Сепак, како што веќе од поодамна е познато, мечевите во италијанското првенство се одложени поради пандемијата со Коронавирусот и фудбалот едноставно мора да мирува.

Во едни вакви неочекувани услови кога фудбалот мирува речиси во цела Европа, единствен начин да се одигра еден меч е на видео игра. Токму таква е идејата и за мечот Интер – Сасуоло. Тие ќе играат на Pro Evolution Soccer 2020, а има дури и најава со линк на кој може да го гледате овој „дуел од Серија А“.

Според последните информации, италијанското првенство нема да продолжи пред 3 мај.

- Оглас -

Најнови вести