Серија А нема да продолжи пред 3 мај

Зголемениот број на заразени од коронавирусот во Италија, може да има сериозно влијание околу сезоната во фудбалската Серија А. Во моментов првенството е прекинато до 3 април, но има голема веројатност мечевите да не продолжат уште еден месец, па лигата да не продолжи пред 3 мај.

Во Сампдорија има седум играчи со позитивни резултати за Ковид-19, во Фиорентина се тројца, а во Јувентус засега е еден. Ако забраната биде продолжена, и навистина мечевите продолжат на 3 мај, сезоната ќе трае дури до 30 јуни, кога истекуваат договорите на некои играчи.

Оваа варијанта е реална, ако Европското првенство биде одложено за догодина.

- Оглас -

Најнови вести