Интер се ребрендира, го менува официјалното име и ќе добие ново лого
Нераѕурите ќе се прекрстат на почетокот на март.

Еден од најголемите италијански спортски колективи, фудбалскиот клуб Интернационале, познат под краткото име Интер, во месец март ќе си го смени официјалното име кое сега е Фудбалски клуб Интернационале, и ќе се натпреварува како Интер Милано. Раководството најави дека клубот ќе добие и нов грб, на кој главни симболи ќе бидат буквите И и М.
Освен логото и името, Интер ќе го смени и генералниот спонзор чие име стои на предната страна на дресовите. Од следната сезона веќе нема да стои „Пирели“, туку најверојатно компанијата „Евергранд“.
Интер на 9 март ќе го прослави својот 113-ти роденден, па тогаш и официјално ќе биде претставен и реализиран револуционерниот потег.
Слично нешто со промена на грбот во 2017 година направи Јувентус, и тоа на Јуве му донесе голема заработка и поголема популарност на меѓународно ниво.