Интер со хет-трикот на Лукаку го потопи Сасуоло (видео)

Дуелот меѓу Интер и Сасуоло кој требаше да се одигра денес на пладне според распоред во Серија А, сепак се одржи но како симулација на популарната видео игра „Pro Evolution Soccer 2020“. Нероаѕурите во овој случај беа домаќини, како што всушност и е по распоредот од 26-тото коло, а составот на Антонио Конте славеше со 3-0.

Додека првенството во Италија е одложено, како и во сите други земји низ Европа, а и пошироко, љубителите на видео игри одлучија на ваков начин да продолжат со натпреварите. Воедно, видео игрите, во овој случај „PES 20“ се одлични да се троши времето додека луѓето се во изолација.

Лукаку ги постигна сите три гола, на хет-трикот му се радуваше во 56-тата минута, откако во првиот дел реализира два погодоци. Интер доминираше во текот на целата средба и можеше да слави уште поубедливо, а меѓу поконкретните шанси беше на Лаутаро Мартинез во финишот од мечот, кога погоди греда.

- Оглас -

Најнови вести