Одлучувачките натпревари за шампион на Италија ќе се одиграат утре, но Интер веќе размислува за следната сезона. Наполи има бод предност и игра дома во последното коло, па екипата од Милано има само теоретски шанси да дојде до Скудетото.
Веќе се остварени првите контакти за ангажман на Расмус Хојлунд, фудбалерот кој беше на радарот на Интер уште пред да се пресели во Манчестер јунајтед во 2023 година за 75 милиони евра од Аталанта.
Интер тогаш се сметаше и за фаворит за неговиот потпис, но финансиски не можеше да им конкурира на Црвените ѓаволи. Сега вредноста на фудбалерот е 45 милиони евра, па веќе станува реална опција за нападот на Интер. Конкуренција ќе им бидат Јувентус и Наполи, кои исто така го посакуваат Данецот.
Од Милано има интерес за уште еден фудбалер на Манчестер јунајтед, Џошуа Цикрзе, кој минатата година од Болоња се пресели во Премиер лигата за 42,5 милиони евра. Неговата вредност е 35 милиони евра, па Интер може да ги купи и двајцата фудбалери во пакет.