Интер уште во првото полувреме ќе му покаже на Лече колку е посилен

Интер – Лече (20:45 ч.)

Со Антонио Конте на клупата, Интер тргнува во поход да ги стигне Јувентус и Наполи. Нераѕурите најавуваа дека сезонава треба да бидат многу поконкурентни и да се обидат да останат во чекор со најдобрите од лани. Јувентус и Наполи стартуваа со победи на гости, а Интер треба да има полесна задача и на „Џузепе Меаца“ да ги освои трите бода против Лече.

Диего Годин поради повреда, нема да игра кај домаќините, но тоа не треба да биде проблем против тимот кој по осум години, повторно се враќа во Серија А. Победа на домаќинот со погодоци за поголемо шоу за навивачите треба да биде епилогот од вечерашниот меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.40) – предлог тип во Sport Life

 

Фалкенберг – Хамерби (19 ч.)

Гостите се фаворити, но сигурно нема лесно да стигнат до посакуваните бодови. Фалкенберг е тим кој се бори за излез од зоната за испаѓање. Пред своите навивачи, во 10 средби имаат дури четири нерешени. И Хамерби на гости знае да одигра „икс“, а интересно е дека на шест од последните 13 меѓусебни меча немало победник.

Двете екипи имаат многу слаба одбрана, а повеќе мислат на нападот, отколку на тоа да не примат гол. Покрај тоа што треба да очекуваме погодоци, на овој меч би ја следеле традицијата која покажува дека може да очекуваме да биде нерешено на полувреме или на крајот од средбата.

Предлог тип: Х било кога (2.10) – предлог тип во Sport Life

 

Сент Паули – Холстејн Кил (20:30 ч.)

Дуел со кој ќе се комплетира четвртото коло во втората германска лига. Сент Паули лошо започна, а домашните фанови очекуваат да се израдуваат на првиот триумф. Минатата сезона Кил ги доби двата меча со овој ривал и тоа е дополнителен мотив на гостите да одиграат офанзивно.

Во досегашните три меча од сезоната, на мечевите на Сент Паули во просек има по три гола, па се очекува тој тренд да продолжи и овојпат.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.95) – предлог тип во Sport Life

 

Интер Турку – КПВ (17:45 ч.)

Не би требало да има дилеми, домаќинот треба да ги освои трите бода. Интер се бори за титулата, додека гостите се на претпоследното место на табелата и нивна цел е да се спасат од испаѓање. Пред своите навивачи, Интер има седум победи во 10 меча и просек од два дадени и еден примен гол.

КПВ е најслабиот тим на гостински терен, а во просек прима по два гола, па и на ова гостување се очекува да се тресе нивната мрежа. Би типувале дека во првото или во второто полувреме ќе се постигнат барем три гола.

Предлог тип: 3+I&3+ II (2.95)

 

Хорсенс – Алборг (19 ч.)

Лошо стартуваа двата тима, па по шест одиграни меча, може да се пофалат само со по две победи. Само пред еден месец одиграа пријателски меч на кој Алборг победи со 4:0, но сега сигурно домаќините ќе имаат многу повеќе мотиви да не загубат убедливо.

На последните 12 средби на Хорсенс имало барем по два гола во 90 минути, а и Алборг кога игра, најчесто има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.86)

 

- Оглас -

Најнови вести